| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер ќе се обиде со Ндиди да ја пополни дупката од продажбата на Канте

ndidi

Очајните резултати на Лестер во првиот дел од оваа сезона придонесоа Клаудио Раниери повторно да се активира на фудбалската берза. Главен проблем за „лисиците“ претставува недоведувањето на адекватна замена за Нголо Канте, проблем што Раниери верува дека го решава со ангажманот на Вилфред Ндиди од редовите на Генк.

Станува збор за 20-годишен нигериски интернационалец, фудбалер кој веќе има зад себе и два настапи на сениорско ниво откако претходно со голем успех настапуваше за својата национална селекција во младинските категории. Ндиди на почетоците од кариерата настапуваше како централен дефанзивец, но „експлозијата“ ја доживеа минатата сезона откако беше прекомандуван во последен играч за врска.

Нигериецот одлично се снајде во оваа улога, го приввлече вниманието на неколку англиски премиерлигаши, за денеска и официјално да се пресели во Лестер за сума од 15 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top