| четврток, 6 декември 2018 |

Само што се врати на терените нова пауза, Трајковски ќе мора на рехабилитација

aleksandar-trajkovski

Со нови проблеми поради повреда се соочува македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, веднаш откако се врати во дресот на Палермо по подолгата пауза. Но, информациите од таборот на сицилијанците говорат дека, сепак, овој пат не е од посериозен карактер…

Трајковски на првиот тренинг по новогодишните празници работеше под посебен режим, подложен на посебна терапија по повредата на стапалото од десната нога. Не се соопштува дали ќе може да настапи в сабота на гостувањето на Палермо против Емполи, но очекувањата на стручниот штаб се дека ќе може наскоро повторно да се смета на неговите услуги.

Александар Трајковски на најдобар можен начин се врати во дресот на Палермо на 18. декември минатата година кога влегувајќи во игра во последните десеттина минути го постигна победоносниот гол за својот тим во триумфот од 3-4 на гостувањето против Џенова. Десет минути одигра и на последниот натпревар од минатата година кога Палермо на домашен терен ремизираше со Пескара (1-1).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top