Актуелниот македонски ракометен шампион Металург ќе го сочува костурот на екипата, а утре нови договори ќе потпишат Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски. Пред нив и словенечкиот интернационалец Ренато Вугринец потпиша нов договор, па јасно е дека тимот од Автокоманда има амбиции за нов европски блесок, и за освојување трофеи на домашната сцена.
Неофицијално се најавува дека двајцата бекови Миркуловски и Мојсоски ќе се обврзат да останат во клубот и во следните 4 сезони, а Вугринец ќе го носи синиот дрес и во следните 2 години.
Неизвесно е дали и понатаму член на Металург ќе биде извонредниот голман Дарко Станиќ. Српскиот интернационалец има понуди од неколку клубови, а за него се интересираат и екипи од богатиот Катар. Од следната сезона за Металург ќе игра и пивотот на Вардар, Никола Марковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



