Аудициите се одржуваат во повеќето градови во земјава, а шоуто ќе започне да се емитува на 24-ти мај.
Натпреварите ќе се одржуваат меѓу два града, кои ќе се менуваат во секоја емисија.
Потоа ќе се спроведе систем нa елиминација и пласман во четвртина финале, полуфинале и финале. Елиминацијата на екипите ќе се врши според гласовите на стручното жири составено од еминентни имиња од македонската музичка сцена.
Водители на шоуто се Каролина Петковска и Димитар Атанасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.