Изборот за детска песна на „Евровизија“ е оваа недела во главниот град на Малта. Нашата претставничка Мартија Станојковиќ веќе е во Ла Валета, каде успешно ја помина првата проба и каде деновиве се дружи се запознава со претставниците од сите земји.
Поради забраната на ЗАМП за емитување на македонска музика на радио и на телевизија, до самиот крај беше неизвесно дали овој избор ќе се пренесува на Македонската радиотелевизија (повеќе тука ).
Сепак, македонската јавност ќе може да го проследни претставувањето на Мартија во живо на Собранискиот канал на МРТВ во недела, 20 ноември, во 16 часот.
– Трема воопшто не чувствувам и сум сигурна во себе, знам дека имам одлична песна и зад мене имам тим во кој верувам во целост. Како и секој учесник, така и јас се надевам на победа и добар пласман – изјави македонската претставничка пред заминувањето.
Во недела ќе ја слушаме со „Love Will Lead Our Way”, комплетно авторско дело на Александар Масевски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)