С.Ј. од скопското сeло Бојане доцна синоќа бил нападнат на паркингот кај МРТВ од две непознати лица, машко и женско.
Како што соопшти МВР, прво му се заканлиле со нож, додека го стартувал своето возило „голф“, по што му одзеле мобилен телефон „ајфон 5“ и 2.000 денари.
Немилиот настан се случил на улицата „Кеј Димитар Влахов“ б.б., а разбојниците по кражбата се упатиле во непознат правец.
Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.