| четврток, 6 декември 2018 |

„Срце“ – новиот албум на Панчо и Андреј

Новиот албум на аренби – дуото ДНК насловен „Срце” ќе биде промовиран утре, 22-ри мај во салонот на Рено на Аутомотив Груп. Продуцент на ова музичко парче е Лазар Цветкоски, а Панчо се јавува како автор на музиката и текстовите на сите песни од албумот.

– Поминаа цели три години од издавањето на нашиот претходен албум „Кажано е се”, период во кој не престанавме да твориме и да создаваме музика од срце. Токму затоа новиот албум е насловен „Срце”, затоа што се работиме со огромна љубов и внимание. Искрено се надеваме на позитивни реакции од слушателите за новите песни од албумот – велат Панчо и Андреј.
Албумот „Срце” содржи вкупно 16 нумери од кои 6 се сосема нови, а на истиот се наоѓаат и две бонус траки. Неколку од песните веќе добија свои видео изданија, а утревечер присутните во Рено во 21 часот премиерно и ексклузивно ќе го погледнат и видео записот за една од новите теми од албумот – „Старлета“.
Издавач на албумот е Пасворд Продукција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top