Германскиот ракометен шампион, Рајн Некер Левен денес на својата интернет страница го официјализира трансферот на македонскиот репрезентативен бек, Филип Талевски, а тој нема да биде во јули 2018 година, туку во Германија, Филип ќе отпатува по завршувањето на СП во Франција.
– Задоволни сме од успеавме да завршиме еден голем трансфер и Талевски да го имаме уште од јануари – изјави Џенифер Кетеман, член на управниот одбор на германскиот клуб.
Исто така е откриено дека Рајан Некар Левен на Металург ќе му исплати обештетување за овој трансфер, но засега сумата не е позната. Талевски за првпат во својата кариера ќе настапи надвор од нашите граници, а во германскиот шампион ќе му биде соиграч на македонското крило, Дејан Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.