| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб старт на Ѓоковиќ, но се разбуди и славеше во првиот меч во 2017 година

novak-djokovic

Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата ја стартуваше оваа 2017 година, откако вториот светски рекет по тешка битка славеше на премиерниот меч во Доха, Катар. Србинот против себе го имаше 63. рангираниот светски тенисер Јан Ленард Штруф од Германија, кој изненади со фантастична игра на стартот од првиот сет.

Имено, Штруф поведе со фантастични 5-1, но Германецот немаше сили да продолжи во ист ритам. Во меѓувреме Новак се разбуди од „зимскиот сон“, па експресно се врати во мечот и поведе со 1-0, добивајќи го тајбрејкот во првиот сет. Следеше брејк на почетокот од вториот сет, со што Ѓоковиќ стигна до триумф од 7-6, 6-3.

Следен ривал на Ѓоковиќ на турнирот во Доха ќе биде подобриот од дуелот Цебалос – Мајер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top