Најдобриот тенисер на светот Енди Мареј изјави дека Новак Ѓоковиќ ќе му биде најголемата закана во 2017 година.
Британецот во пресрет на турнирот “Катар Опен” во Доха, рече дека српскиот тенисер оваа година ќе му го отежнува животот на теренот.
– Кога станува збор за позицијата број еден, Новак ќе биде најголема закана, рече Мареј, пренесува АФП.
Најдобриот српски тенисер и светски рекет број 2, првиот дуел оваа година ќе го има утре на турнирот во Доха против Германецот Јан-Ленард Штруф.
Ривал на Мареј ќе биде францускиот тенисер Жереми Шарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.