Пијан пилот бил уапсен откако се онесвестил во пилотската кабина на авионот Боинг 737, кој во саботата требало да полета од Калгари, Канада до Канкун, Мексико.
Триесет и седумгодишниот Словак Мирослав Гронич, пилот во авиокомпанијата „Санвинг“, бил уапсен откако во крвта му откриле трипати повеќе од дозволената доза алкохол.
Капетанот се однесувал чудно пред да се онесвести во кабината, изјавила полицијата. Тој требало да превезе 99 патници и шест членови на екипажот од Калгари во Канкун, Мексико.
Првичните тестови кои ги спровела полицијата даваат до знаење дека пилотот бил под големо влијание на алкохол.
Вработените во компанијата забележале дека пилотот се однесува чудно, а потоа се онесвестил во кабината, кратко време пред да се случи летот на авионот што требало да полета од Канада за Мексико.
Откако се онесвестил во кабината, персоналот на авионот повикал полиција.
Патниците во авионот сметаат дека пилотот треба да биде обвинет за обид за убиство на 105 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.