| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се, ни доаѓа вистинска зима

%d1%81%d0%bd%d0%b5%d0%b32

Локални врнежи од дожд и снег најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре кон крајот на денот и во среда. Врнежите ќе почнат од западните и северозападните делови.

Според УХМР, значителна промена на времето се очекува од четврток кога поради изразено северно воздушно струење, ќе биде студено со врнежи од снег и засилен, повремено силен северен ветер. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, а поради силниот ветер на места ќе има и снежни наноси. Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски и насекаде под нулата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top