| четврток, 6 декември 2018 |

Мел Гибсон прогласен за најдобар режисер

mel gipson

Филмот „Гребен на спасот“ (Hacksaw Ridge) на чија режија стои потписот на Мел Гибсон, на холивудскиот актер му донесе награда за најдобар режисер во 2016 година.

Наградата за најдобар режисер за минатата година во име на Гибсон ја прими продуцентот Бил Меканик.

– Ми требаа 15 години да го направам овој филм. Мел ќе биде среќен поради оваа награда. Отсекогаш сметав дека тој е најдобар избор за овој филм, но мојата понуда ја прифати по долго убедување. Мислам дека беше многу важно да се сними овој филм, бидеји на темата и пристапивме со отворен ум, метод кој често е непознат за холиудските режисери, изјавил продуцентот.

Инаку, филмот е неверојатна вистинска приказна за Десмонд Дос кој во Окинава за време на најкрвавата битка од Втората светска војна спасил 75 соборци, а не испукал ниту еден куршум, ниту носел оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top