Мел Гибсон на 61 година го доби своето деветто дете. Холивудскот актер и 26 годишната Росалинд Рос му посакаа добредојде на овој свет на синчето, кое го доби името Ларс Џерард.
Среќната вест ја потврди извор близок на славниот пар.
– Возбудени сме, Ларс е неодолив. Нивната фамилија е покрај нив и Мел блеска од среќа. Тие се дома и сите се здрави и среќни – изјавил изворот за „Пипл“.
Бебето се родило на 20 јануари во Лос Анџелес и тежело 2,4 килограми. Ларс е прво заедничко дете на Мел и Росалинд.
Гибсон има уште осум деца од претходните врски – шест сина и една ќерка од бракот со Робин Мур и 7-годишна ќерка со Русинката Оксана Григориева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Го застрелал својот син стар шест месеци: Мотивот за убиството ќе ве шокира!
-
Северина ја загуби битката за синот: Александар ќе живее со Милан
-
Син на политичар се врзал со лисици за девојката и скокнал од покрив на зграда – трагедија ја постресе Русија