| четврток, 6 декември 2018 |

Пофалби од сите страни: Несторовски не е Игуаин, но го има истиот силен карактер како него

nestorovski

Маурисио Зампарини, претседателот на Палермо во првиот ден од новата година даде нов коментар за Илија Несторовски, македонскиот напаѓач кој стана вистински хит во Сицилија. Популарниот „Нестогол“ забележа старт од соништата во калчото, па поради тоа, неколку клубови веќе тргнаа по него.

Но, првиот човек на Палермо е дециден дека Македонецот останува во клубот, најмалку до јуни, а посебна порака испрати до Наполи, тим кој неколку пати притискаше да го донесе Несторовски уште во јануари.

– Во нашата земја сведоци сме на една голема криза, која не го заобиколува ни фудбалот. Освен Јувентус и уште малку клубови, нема капитал во нашата земја, нема капитал кој не е уништен. Да се испадне во Серија Б не е смрт, може да биде и нов почеток, но ние ќе останеме во Серија А. Наполи е одлична екипа која се бори со супер сила како Јуве, кој има финансиски обрт од 400 милиони евра. Несторовски потсетува на Инзаги, двајцата имаат чувство за гол, а головите се важни. Де Лаурентис ми прати порака пред три месеци и ми го побара Илија, но овој јануари тој е недопирлив и останува во Палермо. Затоа и Наполи откако го одбив го купи Паволети. Несторовски не е Игуаин, но го има истиот силен карактер како „Пипита“, изјавил Зампарини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top