Точната причина за смртта на музичарот Џорџ Мајкл е нејасна и по извршената обдукција, објавила полицијата. На неговото тело биле извршени дополнителни тестови чии резултати ќе пристигнат за неколку недели.
Врз телото од Џорџ Мајкл била извршена обдукција, но после првиот преглед не било можно да се утврди вистинската причина за неговата смрт.
Како што пренесува британски Сан, oд полицијата рекле дека биле спроведени дополнителни тестови чии резултати ќе пристигнат за неколку недели. Во првичните вести за смртта на славниот пејач, како можна причина се наведуваше срцев удар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.