| четврток, 6 декември 2018 |

Единствено што сакаше Џорџ е да умре: Љубовникот на познатиот пејач откри морничави детали за него!

После тврдењето дека Џорџ Мајкл почина од природна смрт, поранешното момче Фади Фаваз откри дека поп ѕвездата на 25 декември 2016 година самиот си го одзел животот. Џорџ Мајкл почина во својот дом на 54 годишна возраст на Божиќ според Грегоријанскиот календар за 2016 година.

Британската полиција веднаш соопштила дека до смртта дошло под сомнителни околности, а во март 2017 соопшетно е дека познатиот пејач во својот дом почина од срцеви проблеми и маснотии во црниот дроб.

Меѓутоа, во електронските пораки кои наводно биле доставени до британскиот магазин The Sun од страна на поранешното момче на Мајкл, Фади Фаваз, со кој Мајкл беше 4 години во врска, тврди дека пејачот почина на Бадниковата вечер после 5 обид за самоубиство.

-Уморен сум од луѓето кои ме прашуваат што се случило тој Божиќ. Па да Ви кажам… Џорџ умре на роденденот на својата мајка, па тоа може да биде одговор. Да не напоменувам дека тоа беше 5 пат да се обиде да се самоубие. Мислам дека тоа е важно да се знае – рекол Фаваз.

Мајката на Мајкл е родена на 24 декември 1938 година, а починала од рак во 1997 година. Наводните емаил пораки на Фаваз откриваат дека кога го пронашле Мајкл веќе бил 24 часа мртов. Фади го пронајде неговото тело на Божиќното утро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top