Во време на СФРЈ, Нова година била најпрославуваниот и најголемиот празник на просторите на поранешна Југославија.
Нова година во Југославија била важен елемент на колективниот наднационален идентитет во процес на сеопфатна трансформација на општеството, креирање на нов човек во социјализмот и создавање на чувство на припадност во една заедница, без оглед на верата и националноста. Прославата на Нова година со текот на времето ја „потисна” прославата на Божиќ и стана еден вистински национален празник.
Тито од година во година организирал свечени прослави со своите најблиски соработници, семејството, пријателите, а покрај тоа, тој посетувал и јавни настани, организирал прошетка низ градските улици, па дури и возење со градски превоз за граѓаните да имаат можност да му честитаат Нова година на претседателот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.