| четврток, 6 декември 2018 |

Тито имал сечила со натприродна моќ: Му ги подарил…

Овие бодежи (сечила) се сметани за свети, а луѓето верувале дека имаат магична моќ.

Јосип Броз Тито во 1956 година добил како подарок од претседателот на Индонезија, Ахмед Сукаран сечило кое е познато како „крст“ со дршка од слоновска коска. Овој подарок не е специфичен по тоа што е скап, туку и поради верувањата дека има натприродни моќи.

Тие кои го правеле ова можно оружје покрај изработката правеле и древни ритуали за да му дадат моќ на острилото.

Според легендите бодежот би можел да убива по сопствена желба, како и да се исправи кога ќе го повика сопственикот. Претставува симбол на хероизмот, моќта и авторитетот, како и борбената подготвеност.

Првиот и доживотен претседател на Индонезија, Ахмед Сукарно му го подарил ова сечило при посетата на Југославија. Останал интересен детал од првата посета на Југославија, а тоа го открива поранешниот преведувач на Тито, Иван Ивањи.

Барал во Белград да биде опколен со пејачки и танчерки

„Тито дал наредба да се исполнат желбите на гостинот. Во текот на првиот разговор, амбасадорот на Индонезија ја открил желбата на Сукарно, а тоа било да биде заобиколен со пејачки и танчерки“

„Никој не се осмелил ниту да се согласи, ниту да одбие. Сепак Тито се сложил со ова и напишал дека го одобрува тоа само ако пејачките и танчерките се од иста возраст како Сукарно.“

По заминувањето на Сукарно од Југославија, во Белград останал мистериозното сечило кое денес се чува во Музејот на Југославија како дел од збирката на подароци – оружје и воена опрема.

Извор: News24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top