Расположението во текот на денот варира, а тоа е најчесто поради работата, но и начинот на кој што живееме. Оваа храна го подобрува расположението и не прави посреќни и поенергични. Кога сте нерасположени и тажни, слободно послужете се со следните намирници.
Јаткасти плодови – Најважен минерал кој влијае на расположението е магнезиумот. Него најмногу го има во бадемите, индиските ореви и кикиритките. Па слободно земете си и грицкајте
Црно чоколадо – Познато е дека чоколадото влијае одлично на нашето расположение. Но науката вели дека треба секојдневно да го конзумираме, за да се оддржи нивото на среќа, а најздравата варијанта е црното чоколадо во помали количини
Кафе – Едно истражување покажало дека луѓето кои пијат две до три шољи кафе се помалку депресивни, отколку тие кои пијат само по една шоља. Уживајте си во вашата шоља кафе, зошто сега и научно е докажано дека влијае на вашето расположение
Зелен лиснат зеленчук – Кељот, спанаќот и марулата можат многу да ви го подобрат расположението. Богати се со калциум и одлично влијааат на организмот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.