| четврток, 6 декември 2018 |

Како да го подобриме расположението на децата

Portrait of cute blonde girl ready to eat an apple.

Свежото овошје и зеленчукот, помагаат за справување со душебната болка, тврдат лекари од Англија. Тие ги истражувале факторите кои влијаат врз расположението на човекот. Специјалистите набљудувале 14 000 мажи и жени на возраст над 16 години. Посветиле посебно внимание на индексот на телесната маса на волонтерите, нивните штетни навики и режимот на исхрана. Волонтерите минувале психолошки тестови и одговарале на прашања поврзани со нивното расположение.

hrana-koja-osvezuva

Оние учесници во истражувањето, кои конзумирале повеќе овошје и зеленчук или престанале да пушат, покажувале драстично подобрување на расположението. А кај оние кои пушеле и во исхраната имале малку овошје и зеленчук, научниците регистрирале низок степен на задоволство од животот и депресија.

20120222-ovosje-zelencuk1

Најповолна диета за подобрување на расположението е онаа во која влегуваат 5 порции свежо овошје и зеленчук дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top