| четврток, 6 декември 2018 |

Која храна ни го подобрува расположението?

Кога расположението ќе ни падне на нула обично се фаќаме за благо барајќи спас од тагата. Некои се фаќаат и за чашката, но тоа е дефинитивно погрешен начин за истиснување на тагата.

Но што велат нутриционистите за ова? Ако ги прашате Карен Саливен и Џил Пол, тие сепак препорачуваат некоја друга храна.

Клучот за добро расположение е хормонот серотонин, познат и како хормон на среќата, чија работа е чувството на задоволство и регулирање на апетитот. Производството на серотонин најдобро ќе го поттикнеме со консумација на аминокиселини што ќе ги најдеме во храната богата со протеини, како риба или месо, но и прокељ и леќа. Од риби одбирајте ги оние полни со омега-3 масни киселини кои дополнително го стимулираат производството на серотонин, како харингата, бакаларот или лососот кои ја регулираат и функцијата на мозочните клетки со создавање на дополнителни врски помеѓу нив.

Покрај ова, снабдете го телото со вотамини од групата Б кои покрај одржување на рамнотежа на серотонинот, влијаат и врз здравјето на нервниот систем. Најдобро е да се внесуваат преку пилешко, лиснат зелен зеленчук, авокадо и банани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top