Својата листа на песни холандскиот истражувач ја направил врз основа на три критериуми: позитивни зборови, ритам од 150 отчукувања во минута и ноти со повисок тоналитет.
Песната„Don’t Stop Me Now“ од групата „Квин“ се најде на листата нумери што најмногу влијаат на подигање на расположението. Хитот на легендарниот британски рокери, која за првпат беше објавена пред 37 години, позитивно влијае на расположението на слушатели.
До овој заклучок дошол Јакоп Џоли, стручњак во областа на невронауката на Универзитетот во Гронинген, кои ги анализирал коментарите од слушателите на 50 хитови што ги одбележаа изминатите пет децении.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.