Седумнаесет лица се повредени во автобуска несреќа во Англија, кога ноќниот автобус од Оксфорд за Лондон излетал од автопатот и се превртел.
Во соопштението на полицијата се вели дека несреќата се случила во 2:45 часот по локално време, кај клучката кај Милтон комон, во областа Оксфордшир.
Во моментот на излетувањето на возилото од патот, условите за возење биле мошне тешки затоа што патот бил влажен и лизгав, а целиот тој дел од Британија бил обвиен во густа магла.
Повредени се 16 од патниците, како и возачот на автобусот. Сите повредени имаат скршени коски по телото и рани од стаклото и од металните делови на возилото.
Полицијата, која води истрага за несреќата, ги предупредува возачите да бидат внимателни, затоа што магла и подмрзнати коловози има во западна, централа и во југоисточна Англија.
Маглата, која во некои делови од земјата остана и во текот на денот, предизвикува и проблеми во авионскиот сообраќај, особено на двата најголеми лондонски и британски аеродроми – „Хитроу“ и „Гетвик“.
Несреќата со превртениот автобус доаѓа само два дена по големиот верижен судир на пат во истата англиска област.
Една жена го загуби животот, а десетици други беа повредени во судир во кој учествуваа 20 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се чека возачот да закрепне: Од понеделник сослушување на патниците и возачот од превртениот автобус
-
На повреденото дете раката не му е ампутирана, туку оперирана
-
Обновено: Најмалку 27 повредени во несреќата кај Велес, еден пациент во шок соба во Скопје
-
МВР ја корегира информацијата: Превртениот автобус сепак е македонски