| четврток, 6 декември 2018 |

Слаб снег на Ѓавато, Буково и Плетвар, сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози

znak-snegce

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Слаб снег врне во Крива Паланка, Делчево, Крушево, Дебар, Попова Шапка и на планинските премини Ѓавато, Буково и Плетвар.

Во цела Македонија дува засилен северен ветер, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во пладневниот извештај за состојбата на патиштата. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – ­Мак. Каменица -­ Делчево, Виница -­ Берово, Гостивар ­- Стража, Маврово – Дебар -­ Струга, Д. Капија -­ Удово, Катланово -­ Велес, Крушево -­ Демир Хисар и Ресен -­ Буково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top