За разлика од минатата сезона кога беше стандарден во првиот тим, во оваа поранешниот фудбалер на Монако, Антони Мартиал најчесто ја грее клупата за резервни фудбалери и ги одигрува само последните минути од првенствените натпревари. Токму затоа зачестија и шпекулациите дека Мартиал не е среќен на „Олд Трафорд“ и дека планира да промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
Пред неколку дена „црвените ѓаволи“ добија официјална понуда од шпанскиот прволигаш Севилја, за шестмесечна позајмица на Мартиал, но таа беше одбиена со образложение дека Французинот нема да оди никаде.
Деновиве тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека Мартиал мора да го следи примерот на ерменскиот интернационалец Хенрикх Михтариан, кој имаше сериозни проблеми на почетокот од сезоната, но стана стандарден првотимец.
– Ентони е многу млад фудбалер и многу луѓе забораваат дека имаше одлична ланска сезона во Манчестер, додека оваа е потполно различна. Постигна многу погодоци, но сега е малку поразлично, треба да ја подобри својата форма. Најдобар пример за него е Мхитарјан. И Хенрик имаше проблеми, но, полека ги надминува а тоа се гледа и на теренот, изјави Мурињо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.