| четврток, 6 декември 2018 |

Кучето Панда два дена бдее врз повредената пријателка Луси

Кучето Панда два дена бдеело врз својата повредена пријатела Луси во Украина додека не стигнала помош.

Луси, поради здобиени повреди, не можела да се помрдне и останала да лежи на завеаната железничка пруга. Локален жител на својот фејсбук-профил објавил и видео на кое се гледа како двете кучиња лежат меѓу шините, недалеку од Ужгород, западна Украина.

Во еден момент на снимката Панда ја спушта својата глава, над главата на Луси, за да ја заштити од доаѓањето на возот. Панда, исто така, често лаел и ја штител Луси од локалните жители.

На крајот Луси и Панда ги спасил Малафеев и членовите на неговото семејство и ги одвел во стационарот за животни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top