Поранешниот камерунски репрезентативец, Ригоберт Сонг, кон крајот на октомври доживеа мозочен удар. Два месеци подоцна Камерунецот открива како успеал да го преживее тој тежок момент за него.
– Ми беше лошо и едноставно паднав. Среќа што паднав на страна и не се задушив. Чекав посета, па вратите ми беа отворени. Кучето започна да лае и лаеше навистина долго. На вратата се појави домарот, но не се осуди да влезе, за да потоа мојот пријател повика помош, изјави Сонг.
Во продолжение поранешниот играч на Ливерпул изјави дека полека заздравува и дека рекуперацијата оди според планот.
– Полека се рехабилитирам, одам чекор по чекор, ден по ден, заврши Сонг.
40-годишниот Ригоберт Сонг во кариерата има играно за Мец, Салернитана, Вест Хем, Келн, Галатасарај и Трабзонспор. За репрезентацијата на Камерун настапил на 137 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.