Напаѓачот на премиерлигашот Челси, Диего Коста игра во одлична форма оваа сезона и е прв стрелец во Премиер – лигата со 13 погодоци на своето конто, што не му дозволува многу голема минутажа на скапото засилување Мичи Батшуаи, за кого се засилија шпекулациите за заминување од „Стемфорд бриџ“.
– Факт е дека Батшуаи сака да го подобри својот квалитет. Станува збор за одличен фудбалер кој има огромен потенцијал. Тој сака да има поголем минутажа, но, за жал, оваа сезона Диего Коста е во врвна форма и тешко е да се изборите за место во тимот пред него – истакна менаџерот на „сините“, Антонио Конте.
Со победата над Бурнемаут, Челси се зацврсти на лидерската позиција со 46 освоени бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.