Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива тековно по влажни коловози, а магла со видливост од 50 до 100 метри има во Делчево.
Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира возачите внимателно да возат и да ја приспособат брзината кон условите на патот.
Оттаму информираат дека нивните екипи постојано се на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.
Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.