| четврток, 6 декември 2018 |

Авионот со бразилските фудбалери останал без гориво

Авионот со фудбалерите на бразилскиот клуб, што се урна во централна Колумбија, останал без гориво, покажале прелиминарните резултати од истрагата на колумбиското цивилно воздухопловство.
Како што пренесуваат американските медиуми, во соопштението на Цивилната воздухопловна агенција се наведува дека таквиот заклучок се темели на прегледот на црната кутија и на останатите докази.
Авионот се урна кон крајот на ноември, а во несреќата погинаа 71 лице, додека шестмина преживеаја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top