| четврток, 6 декември 2018 |

Групацијата Триглав со скоро 23 милиони евра нето добивка

logo-triglavПо прелиминарната проценка, деловниот резултат на Групацијата Триглав во првиот квартал од оваа година пред оданочување изнесуваше 28,5 милиони евра, додека пак нето деловен резултат изнесуваше 22,9 милиони евра, односно 30% повеќе од минатата година. Проценетиот деловен резултат на Заваровалница Триглав пред оданочување изнесуваше 24,8 милиони евра, а нето деловниот резултат пак изнесуваше 20,0 милиони евра, што е за 46% повеќе од минатата година.

 Продолжувањето на економската криза и понатаму се одразува на обемот на фактурираните осигурителни премии. Групацијата Триглав со состојбата на пазарот и промените во побарувањата се справува со најразновидни мерки, како и со креирање на нови производи, но не успева во целост да го ублажи падот на премијата, пред сè поради намалениот извоз и увоз, новите стечаи на фирмите, намалената куповна моќ на населението, зголемената невработеност, како и намалениот опсег на кредитирање од страна на банките. Проценетата фактурирана бруто премија од осигурување и ко-осигурување на Групацијата Триглав изнесуваше 258,7 милиони евра, што е 5% помалку во однос на истиот период минатата година, кога матичното друштво наплати 182,6 милиони евра фактурирана бруто премија.

 Бруто ликвидираните штети во Групацијата Триглав, според проценката изнесуваа 157,3 милиони евра, што е за 4% повеќе во споредба со првото тромесечје минатата година. Проценетите бруто оперативни трошоци во дејноста осигурување изнесуваа 52,4 милиони евра и истите се намалија за 2%.

Со минатогодишното сеопфатно намалување на финансиските средства, кои како последица на неповолните движења на капиталниот пазар и случувањата во банкарското подрачје придонесоа кон пад на вредноста на некои од инвестициите, Заваровалница Триглав успешно ја прилагоди вредноста на своето портфолио, што поволно влијаеше на оценетиот резултат во првиот квартал од 2013-та година.

»Прелиминарната оценка на деловниот резултат за првите три месеци од годината покажува дека и покрај комплексната ситуција, Триглав и понатаму покажува стабилност и профитабилност во работењето. Добивката која ја  остваруваме ја црпиме од нашата основна дејност, осигурувањето, а воедно со  разумно управување со работните и финансиските ризици ја јакнеме капиталната стабилност на компанијата. Убеден сум дека чекорите за стабилизирање на осигурителната премија, кои веќе ги спроведуваме, во текот на годината ќе ги донесат саканите резултати,» изјави Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Матјаж Раковец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top