По прелиминарната проценка, деловниот резултат на Групацијата Триглав во првиот квартал од оваа година пред оданочување изнесуваше 28,5 милиони евра, додека пак нето деловен резултат изнесуваше 22,9 милиони евра, односно 30% повеќе од минатата година.
Проценетиот деловен резултат на Заваровалница Триглав пред оданочување изнесуваше 24,8 милиони евра, а нето деловниот резултат пак изнесуваше 20,0 милиони евра, што е за 46% повеќе од минатата година.
Продолжувањето на економската криза и понатаму се одразува на обемот на фактурираните осигурителни премии. Групацијата Триглав со состојбата на пазарот и промените во побарувањата се справува со најразновидни мерки, како и со креирање на нови производи, но не успева во целост да го ублажи падот на премијата, пред сè поради намалениот извоз и увоз, новите стечаи на фирмите, намалената куповна моќ на населението, зголемената невработеност, како и намалениот опсег на кредитирање од страна на банките. Проценетата фактурирана бруто премија од осигурување и ко-осигурување на Групацијата Триглав изнесуваше 258,7 милиони евра, што е 5% помалку во однос на истиот период минатата година, кога матичното друштво наплати 182,6 милиони евра фактурирана бруто премија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.