Дел од нето добивката во износ од 22,735,148.00 евра ќе се употреби за исплата на дивиденди. Дивиденда во висина од 1 евро бруто по акција, ќе се исплати на оние акционери кои ќе бидат впишани во книгата на акционери два дена по седницата на Собрание на акционери – Ова е одлучено на 38-та седница на Собранието на акционери, на која Надзорниот одбор назначи надворешен член на Ревизорската комисија и го предложи ревизорот на Заваровалница Триглав за деловната 2013 година.
-Надзорниот одбор го прифати дневниот ред за 38-та седница на Собранието на акционери на Заваровалница Триглав и едногласно се согласи за предлогот за распределување на нето добивката во износ од 98,205,999.33 евра заклучно со 31 декември 2012 година, а за кој претходно беше добиено одобрување од страна на претходниот состав на Надзорниот одбор. Дел од нето добивката во износ од 22,735,148.00 евра ќе се употреби за исплата на дивиденди. Дивиденда во висина од 1 евро бруто по акција, ќе се исплати на оние акционери кои ќе бидат впишани во книгата на акционери два дена по седницата на Собрание на акционери. Дивидендата ќе се исплаќа во рок од 30 дена по усвојување на одлуката за користење на нето добивката на 38-та седница на Собрание на акционери. Начинот како останатиот дел од нето добивката во износ од 75,470,851.33 евра ќе се користи, ќе биде детерминиран во наредните неколку години – велат од Триглав.
Надзорниот одбор ја прифатил одлуката на седницата на Собрание на акционери да се предложи ревизорската куќа ERNST & YOUNG Ревизија, деловно советување д.о.о., Дунајска цеста 111, 1000 Љубљана, за ревизор на деловната 2013 година на Заваровалница Триглав. Управниот одбор ќе подготвел известување за одржување на 38 седница на Собрание на акционери, како и материјали за седницата, која ќе се одржи на 11 јуни 2013 година. Известувањето ќе биде објавено на 10 мај 2013 година.
Надзорниот одбор ја назначи г-ѓа Барбара Носе за надворешен член на Ревизорската комисија. Наредната седница на Надзорниот одбор е предвидено да се одржи во вторник, 21 мај 2013 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.