| четврток, 6 декември 2018 |

Бурсаспор сака да го види Бабунски во своите редови веќе од јануари

david-babunski

По заминувањето на Даниел Аврамовски најверојатно и вториот Македонец кој ги брани боите за Црвена Звезда, оваа зима ќе го напушти српскиот гигант.

Македонскиот репрезентативец и еден од најзаслужните фудбалери за големиот успех на нашата млада селекција, која за првпат во историјата ќе игра на едно ЕП, Давид Бабунски, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во Турција, поточно во тимот на Бурсаспор.

Утрово, турските медиуми објавија дека тренерот на Бурса, Хамза Хамзаоглу сериозно се заинтересирал за услугите на нашиот репрезентативец и во него гледал како идеално решение во креацијата на играта. Пред извесен период Бабунски беше поврзуван и со уште неколку трансфери, но истите веднаш беа демантирани од страна на неговиот менаџер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top