Либиски патнички авион на авиокомпанијата „Африкија арвејс“ со 118 патници во него денеска бил киднапиран, по што киднаперите ги принидуле пилотите да го приземјат леталото на Малта, јави ДПА.
Авионот „eрбас А320“ летал на реалција Себха-Триполи. Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, на „Твитер“ објави дека бил „информан за ситуацијата со киднапирањето на авионот, кој извршувал внатрешен лет во Либија“.
– Во тек е операција за справување со оваа вонредна ситуација – додаде Мускат.
„Тајмс од Малта“ јави дека еден од киднаперите има рачна бомба и дека се заканил деќа ќе се разнесе меѓу патниците доколку не му бидат исполнети сите барања.
Локалните медиуми од Малта јавија дека киднаперите се поддржувачи на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, но сѐ уште не е познато кои се нивните барања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.