| четврток, 6 декември 2018 |

Сите паузираат, освен Англичаните, дербито Сити – Ливерпул на 31 декември

boxing-day

Крајот на декември вообичаено е период кога најсилните европски лиги имаат пауза, во која фудбалерите добиваат заслужен одмор за време на католичкиот Божик и новогодишните празници. Секако, исклучок се Англичаните, кои традиционално имаат свое коло на „Боксинг деј“ (ден по Божик), а годинава ќе играат фудбал и на 31 декември (дерби Манчестер сити – Ливерпул), како и на 1 и на 2 јануари.

Дефинитивно, со право сѐ погласни стануваат барањата за воведување зимски одмор во најинтересната фудбалска лига во светот. Впрочем, Шкотите токму од оваа година воведоа четири седмици пауза, па се очекува наскоро на сличен потег да се решат и Англичаните.

За разлика од „островот“, зимската пауза е вообичаена за речиси сите земји во Европа. Првиот дел од Бундес-лигата финишираше во средата, а следното коло е закажано за 20 јануари.

Одморот почна и во Франција, но ќе трае нешто пократко – до 14 јануари, додека италијанските клубови повторно ќе заиграат на Православниот Божиќ, на 7 јануари. Еден ден претходно, за 6 јануари е закажано првото коло во 2017 година во шпанската Примера дивизион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top