| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го призна поразот на изборите

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска одржа вонредна прес-конференција на која им честиташе на граѓаните на Република Македонија за демократските и фер избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ со предност од речиси 20 илјади гласа.

– Денеска Македонија гласаше и денеска Македонија победи. На овие избори граѓаните излегоа масовно и ја дадоа својата поддршка. Огромен дел од нив гласаа за нас и тоа ќе ни претставува мотив и чест да работиме за интересот на сите овие луѓе, кои ни ја дадоа довербата. Ќе бидеме достоинствена опозиција, која ќе биде коректор на власта, а во првата наредна околност, на првите наредни избори, сигурни сме дека ќе нè поддржат уште повеќе граѓани и ќе ни ја дадат довербата да ја водиме државата – изјави Заев на куково лето.

Според него, клучот за големиот одѕив и одличниот резултат на СДСМ била програмата и позитивната кампања.

– СДСМ одамна, уште од првиот ден по минатите избори што ги загубивме со 200.000 гласа разлика, и тоа мора да си признаеме – заслужено, почна да работи на својата понуда. Како што знаете, ја промовиравме нашата програма, ви ја презентиравме со години, на терен, меѓу вас, на прес-конференции објавувавме големи проекти што ќе ги преземеме, а и ги пофаливме проектите на оваа влада што се добри и кои ќе ги продолжиме, бидејќи што е добро треба да се пофали – рече Заев никогаш.

– Воедно, сакам да им честитам на сите македонски граѓани, особено на тие што решија да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ во малку поголем број отколку нас, дека ова е заедничка држава и заеднички ќе продолжиме да работиме на нашите интереси, како и досега. Ќе останеме обединети околу името, јазикот и националните интереси – додаде Заев ако се лажеме.

Тој му ја честиташе победата на Никола Груевски и му вети поддршка за одбраната на националните интереси, како и фер и достоинствена политичка битка до наредната средба на избори за четири години.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top