Во чест на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите, денеска напладне во Музејот на Народна банка на Република Македонија ќе се одржи промоција на книгата Конзервација на метални археолошки предмети од Дијана Ванчевска и Билјана Бозароска-Павловска. На промоцијата ќе говорат проф. д-р Биљана Минчева-Шукарова (Институт за хемија, ПМФ, Скопје) и проф. д-р Ивелин Кулев (Институт за аналитичка хемија, ФХФ, Софија).
Во книгата се претставени археолошките метали, техниките на нивната обработка и научноверификуваните методи за нивната физичко-хемиска заштита. Ова единствено дело од областа на конзервацијата на металните археолошки предмети во Македонија претставува збир на конзерваторските искуства на авторките и на релевантната стручна литература за конзервација на археолошките предмети од метал.
Ова издание на Народна банка на Република Македонија е обид да се пополни релативно големата празнина во однос на стручната литература од областа на апликативната конзервација, во намера да послужи во работата на институциите и поединците коишто професионално се занимаваат со заштита на културното наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Мојот театар“ од Ристо Стефановски во „Матица ексклузив“
-
Стефан Влахов-Мицов: Времето не работи за нас, особено не по самитот во Букурешт
-
Промоција на „Скопска танцова академија – почетоците“
-
Андријана Јаневска промовира книга – „Констант ин“ и „Коцкар“ две нови литературни дела