| четврток, 6 декември 2018 |

Андријана Јаневска промовира книга – „Констант ин“ и „Коцкар“ две нови литературни дела

Во објектот на новиот гевгелиски градски театар, утре 27 април, во 20.30 часот, ќе се одржи промоција на две литературни дела: на книгата  „Констант ин“ („Constant in“) од Константин Карев и на романот „Коцкар“ од Бобан Богатиновски.

Книгата и компакт дискот „Констант ин“ опфаќаат дела создадени во период од дваесетина години. Изданието е тројазично – песните се на македонски, англиски и на руски јазик.

Промотор на книгата и на компакт дискот „ Констант ин “ ќе биде етаблираната музичарка Андријана Јаневска, естрадна пејачка и прва виолина во Македонската опера и балет.

Романот „Коцкар“ е дело на плодниот македонски автор Бобан Богатиновски. Делото го доживеа своето трето издание, првпат се претставува пред читателите во Гевгелија.

Промотор на романот „Коцкар“ ќе биде госпоѓата Жаклина Свеќаровска, писател, професор во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.

Гости на настанот, со свои авторски музички дела ќе бидат: Дуото Илија Ристов и Вангел Бојмалиев – Геле; и д-р Страхил Ташевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top