| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на „Скопска танцова академија – почетоците“

fronta_11_joan_van_der_mast
Утре, 14 декември, со почеток во 19.30часот, во просториите на Младинскиот културен центар  ќе биде промовирана книгата „Скопска танцова академија – почетоците“. Промотор на книгата е проф. д-р Џоан ван дер Маст, директор на Новиот танцов центар во Хаг, а воедно и професор на Кралскиот конзерваториум во Хаг, Холандија.
Веднаш по промоцијата на книгата, Скопскиот танцов театар ќе ја има својата последна премиера за 2013 година „Потрага“. Потписници на кореографиите за оваа премиера се Џоан ван дер Маст, Тим Персент, Полине Вајс и Рисима Рисимкин. Во претставата ќе настапат танчарите на Скопскиот танцов театар: Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Валентино Апостоловски, Дора Кокољ, Јакуб Мунко, Адријана Атанасова и Андријана Андреева. Костимите се на Благој Мицевски.
Промоцијата на книгата и премиерата се во рамките на одбележување на 20 години дипломатски врски меѓу Република Македонија и Кралството Холандија. Проектот е поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија и од Министерството за култура на РМ.

Во чест на 100 години од праизведбата на балетот „Посветување на пролетта“, на Игор Стравински, Скопскиот танцов театар ќе изведе фрагмент од делото, кое премиерно се одржа во Париз во 1913 година, и кое стана ремек-дело на танцовата и музичка уметност, во оригиналната кореографија на Вацлав Нижински. Со овој фрагмент Македонија ќе даде свој придонес во одбележување на оваа значајна годишнина, како „Tribut to Stravinsky & Nizinsky master piece”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top