| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо самокритичен: Не им дадов вистинска шанса на двајца фудбалери и се чувствувам лошо поради тоа

zoze-murinjo-1

Жозе Мурињо неколку пати во досегашниот тек на сезоната јавно опоменуваше дел од своите фудбалери од првиот тим, но, исто така, беше на нивото кога требаше да се пофали некој и да се издвои некој добар потег и добар перформанс.

Португалскиот стручњак направи навистина голем број ротации откако е тренер на Јунајтед и им даде шанса на доста фудбалери, но сега самиот Португалец ги посочи двајцата играчи кои, според него, заслужиле многу повеќе од тоа што го добија.

Мурињо призна дека се обвинува себеси кога ќе помисли на Мемфис Депај и Ешли Јанг, фудбалери кои според него не добиле доволно шанси за докажување.

– Имам навистина лошо чувство кон себе бидејќи не им дадов иста шанса на сите. Едноставно има неколку позиции во тимот на кои сме прекубројни. Да бидам искрен, играчи како Ешли Јанг и Мемфис Депај не добија доволен број натпревари за докажување. Поради тоа, се чувствувам навистина лошо – вели Мурињо во својата изјава за „Скај спортс“, која многумина ја проценија како најава за продажба на овие двајца во претстојниот зимски преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top