| четврток, 6 декември 2018 |

Глувци изеле тримесечно бебе поради несовесна мајка

dete-gluvci

Несовесна мајка од Јоханесбург завршила во затвор откако глувци ја изеле нејзината тримесечна ќерка. Несреќното девојче било изгризано во креветчето, а за тоа време несовесната 26-годишна мајка била да се забавува и да се опијанува. Единствено не е јасно зошто со себе го понела синот Лаки, братот-близнак на девојчето.

– Бебето сигурно починало во болна смрт. И недостасуваа јазикот, очите и прстите, сѐ изеле. И остатокот од телото било изгризано. Оваа жена мора да скапува во затвор, изјавила сосетката.

– Таа не заслужува да биде мајка, велат соседите и раскажуваат дека минатата недела биле во болница, но не знаат зошто. Мајката пие и знаела новороденчињата и другпат да ги остави сами, но ова е прв пат да го остави само едното дете само дома.

– Се вратила рано утрото со ново момче и морале да провалат во куќата, затоа што ги изгубила клучевите. Кога влегле, го пронашле мртвото бебе. Тврделе дека малата е изгорена, изјавила сосетката.

Машкото дете го земале таткото и неговата нова девојк,а кои потврдиле дека мајката често била пијана и ги заклучувала децата дома кога излегувала.

– Кога го земавме Лаки, изгледаше како да не јадел со денови, но сега е добро, изјавила девојката на таткото, пренесува Дејли меил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top