Малото девојче, кое има само седум години, е силувано во Индија со метална цевка за вода и се бори за живот, пренесува „Си-ен-ен“. Девојчето во моментов е во болница во Њу Делхи, каде што сè уште е во критична состојба по повеќечасовна операција. Мајката е со неа цело време, а името на девојчето не е познато на јавноста.
Свати Маливал, претседателка на Комисијата за жени во Њу Делхи, на Твитер објави дека силувачот го намамил девојчето кое било од сиромашно семејство во паркот во областа Шахдара во североисточниот дел на градот, а потоа ја силувал.
Полицијата уапси 21-годишник осомничен за напад.
-Ние работиме на тоа девојчето да оздрави што е можно поскоро. Многу е тажно што силувањата на улиците на Њу Делхи не запираат и дека има толку малку полициски патроли во градот – рече Маливал за „Си-ен-ен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.