Дваесет и два црнобели портрети на познати личности и луѓе од секојдневниот живот ја сочинуваат првата изложба на фотографот и музичар Јован Куциновски.
Изложбата наречена едноставно „Љуѓе“ е проект кој Куциновски го подготвуваше речиси една година, а фотографиите ќе бидат изложени на 22 мај во кафе „Галерија 8“ во Старата скопска чаршија.
Дваесет – седумгодишниот Јован Куциновски е фотограф и музичар со диплома на филмска и телевизиска режија, моментално живее и работи во Скопје, а повеќе информации и примери за неговиот фотографскиот јазик може да погледнете на http://kucinovski.tumblr.com/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.