Двојната победничка на Вимблдон, Петра Квитова, која беше нападната во својот дом во Простејов, ќе може во иднина да игра тенис, откако денеска и беше извршена успешна операција на левата рака. Хируршкиот зафат бил многу компкликуван и траел речиси четири часа, но, за среќа, со позитивен исход за чешката тенисерка.
„Петра ќе го пропушти Австралија Опен, и нема да може да тренира околу три месеци, но потоа ќе може да му се врати на тенисот“, изјави нејзниот портпарол, Карел Тејкал.
Петра Квитова беше нападната од непознато лице во својот дом, и бранејќи се од напаѓачот заработи сериозна повреда на левата рака. Повредени и биле сите пет прсти, како и нервите на два прста од левата рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.