@ZaraIstok @AmbBaily @BritAmbCGarrett
Sorry, but I had no meeting w/anyone today. Any different news is totally inaccurate. Blagodaram— Carlo Romeo (@carloromeo70) December 20, 2016
Заев претходно лажеше и за кривичната постапка против обвинителот во случајот „поткуп“, Владимир Милошевски. Лидерот на СДСМ лажно изјави дека обвинителот бил под истрага за кривично дело.
–Правно формално тоа право го имаме заради тоа што обвинител кој што е под истрага за кривично дело, на основа на кривична пријава, дека тоа го прави од политички причини, дека прави тортура врз мене и врз моето семејство, ја објавува снимката, рече Заев.

Сепак, и оваа лага на Заев веднаш беше разобличена и тоа директно од СЈО. Од Специјалното јавно обвинителство велат дека добиле кривична пријава од СДСМ против Милошевски и други непознати лица и дека е оформиле предмет, но додаваат дека не се води постапка против конкретното лице.
–Предистражната постапка по овој предмет не се води против конкретно лице, туку се води како настан во рамки на кој се испитуваат евентуални кривичноправни аспекти поврзани со наводите во кривичната пријава, изјавија од СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


