| четврток, 6 декември 2018 |

Управниот суд ги разгледа сите тужби, се чекаат одлуките

Управниот суд денеска ги разгледа преостанатите три тужби на одлуките на ДИК, две поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и едната од ВМРО-ДПМНЕ.

Тужбите на јавни седници ги разгледуваа три посебни совета од по петмина судии.

Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември. Одлуки за овие две тужби Судот треба да ги донесе вечерва и да ги објави на својата веб-страницата.

Рокот за донесување на одлуките по тужбите кои беа разгледувани денеска истекува утре напладне, односно најдоцна 24 часа по расправата. Одлуките на Управниот суд се конечни. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top