| четврток, 6 декември 2018 |

Одлуките се очекуваат утре: Управниот суд разгледа десет од тужбите

Управниот суд денеска разгледа десет од 16 тужби, поднесени во врска со вториот круг од локалните избори. Одлуките за овие тужби ќе бидат донесени утре.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат разгледани и преостанатите шест тужби.

До Управниот суд денеска заклучно до десет часот беа поднесени 16 тужби.

Единаесет од тужбите беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Управниот суд има должност да донесе одлука по жалбите во рок од 48 часа по нивниот прием.

ДИК на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top