Висар Гани нема да ја преземе функцијата на градоначалник на општина Чаир, туку ќе мора да се соочи со неговиот противник на трет круг на избори, известува Шења. Управниот суд ја прифати жалбата на Беса за повторно гласање во избирачкото место 2901.
Бројот на гласови во ова избирачко место може да го промени резултатот од локалните избори и да се утврди победникот поради големиот број на регистриран гласачи и тесната разлика меѓу двајцата кандидати кои отидоа во вториот круг од изборите.
Разликата помеѓу Висар Ганиу и Зеќирија Ибраими по вториот круг од гласањето беше 209 гласови, додека на избирачкото место 2901 има вкупно 719 регистрирани гласачи. Од нив во вториот круг гласале само 278 луѓе, од кои Зеќирија Ибраими освои 164 гласови, Висар Гани 98, a 17 беа неважечки.
Ако кандидатите ги освојат истите гласови од вториот круг, во оваа општина градоначалникот ќе можат да го одлучат тие 441 гласачи кои не излегоа да гласаат во вториот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.